Дарко Ангеловски: Докажавме дека вредиме

Историскиот пласман на Европското првенство, македонската одбојкарска репрезентација го избори во драмтичниот последен ден од квалфикацискиот циклус. Стресот во неколкуте часа од попладнето, заврши со успешно реализирана мисија. Либерото на македонскиот национален состав, Дарко Ангеловски вели дека најдобрите македонски одбојкари биле решени да победат.

„Се оствари посакуваното. Беше многу тешко. Благодарам на тие што дојдоа да не бодрат. Не не интересираа другите резултати. Бевме решени да победиме, покажавме дека вредиме, посакувавме многу да одиме на Европско првенство и навистина ќе одиме“ – вели Ангеловски.

Македонската репрезентација благодарение на поволните исходи во другите конкуренции и на победата од 3-0 на унгарија влезе меќу петте второпласирани од седумте квалфикациски групи кои одат на еврошампионатот.

Се вчитува...