Дарко Чурлинов се договори со Коџаелиспор!

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов во текот на денешниот ден треба да го комплетира трансферот во турски Коџаелиспор. Според неколку турски медиуми, тој веќе постигнал договор на две години.

Во овој тим Чурлинов доаѓа од Барнли, каде за него немаше место во премиерлигашот, па затоа му беше дозволено да ја смени средината. Минатата сезона мина како позајмен во полска Јагелонија, која исто така се интересираше, но веројатно до договор нема да дојде.

Ова ќе биде прв предизвик на Чурлинов во турското првенство.

Се вчитува...