Повремениот македонски репрезентативец Дарко Димитриевски (23), е пред потпис со Пелистер. Централниот бек треба да биде едно од засилувањата во битолскиот тим за следната сезона.
Димитриевски на почетокот од оваа сезона од унгарскиот Чургои дојде во Металург, но не го најде своето место во составот на Лино Червар и набрзо си замина од Автокоманда. Резервно решение сезонава најде во матичниот Борец со кој избори пласман во суперлигашкиот плеј-оф.
Димитриевски две сезони настапуваше за РК Куманово од каде во 2013 година замина во Катар, а потоа една сезона играше во Шпанија, во екипите на Пуерто Сагуто и Адемар Леон, а оттаму се пресели во унгарскиот Чургои.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА