Дарко Додев интернационалната кариера ја започнува во редовите на албанскиот прволигаш Влазнија. Македонецот кај западниот сосед се сели од редовите на Брегалница за кој оваа сезона запиша 29 настапи на кои постигна седум голови и 11 пати асистираше до соиграчите.
Дваесетипетгодишникот професионалната кариера ја започа во Металург, а во домашниот шампионат настапуваше и за Силекс и Тетекс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА