Истакнатиот долгогодишен фудбалски работник Дарко Костовски е избран за нов претседател на ОФС Гази Баба. На вчерашното Реодовно изборно собрание на ОФС Гази Баба, на кое присуствуваше и в.д генералниот секретар на ФФМ, Дрилон Ганиу, Дарко Костовски едногласно ја доби довербата од делегатите на собранието на општинскиот сојуз.
Костовски како прв човек на ОФС Гази Баба доаѓа на местото на Светозар Станковски.
И делегатите на Собранието на ОФС Гази Баба, како и општинските сојузи од Скопје, Тетово, Битола, Гостивар, Струга, Прилеп, Кисела Вода, Гевгелија, Кочани и Гевгелија, изгласаа едногласна поддршка за кандидатурата на актуелниот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ за нов четиригодишен мандат на челната функција во македонскиот фудбал на Собранието закажано за 15. март во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА