Поранешниот стратег на прилепска Победа, Дарко Крстески ќе биде новиот тренер на битолски Пелистер.
По преземањето на управувачкиот пакет на клубот од страна на Пеце Стојчевски, се очекува веќе од понеделник Дарко Крстески и официјално да биде промовиран во нов тренер на битолчани.
Пелистер ја живее една од најтешките свои фудбалски сезони. По лошите резултати есенва од клупата се повлече Томче Трајановски, а оставка даде и спортскиот директор Менде Степановски. Сега Дарко Крстевски треба да го спасува тимот.
Крстески е поранешен македонски репрезентативец кој во кариерата има настапувано за Победа Прилеп, белградска Црвена Звезда, Сутјеска од Никшиќ, Борац Чачак како и Флоријана на Малта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА