30 годишниот дефанзивец Дарко Лазиќ од Србија е ново име таборот на македонскиот фубалски прволигаш АП Брера. Станува збор за искусен фудбалер кој во својата кариера има играно и за Црвена Ѕвезда, а во Струмица доаѓа како слободен играч откако претходно настапуваше во Борац Бања Лука.
Освен за Црвена Ѕвезда и Борац од Бања Лука, искусниот Дарко Лазиќ има играно и во ФК Сараево клуб со кој освои неколку титули, а беше и во Раднички Ниш, Спартак Суботица.
Освен во српскиот шампионат, Лазиќ кој потекнува од младинската школа на црвено белите од Белград има настапувано и во Анжи Махачкала од Русија, Аланиаспор и Денизлиспор од Турција
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА