Дарко Мицевски пред потпис со Борац Бања Лука

Еден од најдобрите фудбалер на Вардар, Дарко Мицевски е пред потпис со Борац Бања Лука.

28-годишниот Мицевски кој изминатава година се најде и на списокот македонски репрезентативци на Игор Ангеловски, е блиску до реализација на трансферот во прволигашот од БиХ.

За Мицевски беа заинтересирани и неколку клубови од Хрватска и Албанија, но веќе е блиску до промоцијата во дресот на Борац Бања Лука.

Претходно во својата кариера има настапи и за Тетекс и Работнички во Македонија, Нови Пазар, Слобода Ужице и ОФК Београд во Србија, како и белоруски Минск. Изминатава полусезона за Вардар запиша три погодоци и три асистенции.

Се вчитува...