Дарко Мицевски со екстра-гол во ремито на Рига со Мета (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Дарко Мицевски постигна прекрасен погодок во ремито (3-3) на Рига со Мета во шампионатот на Летонија.

Мицевски донесе водство од 1-2 за неговиот тим кој не издржа до победата на гостувањето против Мета.

За Дарко Мицевски ова е гол-првенец во дресот на Рига.

  • Погодокот на Дарко Мицевски може да го погледнете на временскиот исечок – 1:46…

Се вчитува...