ДАРКО ПАНЧЕВ – 30 години од европската круна со Ц. Звезда: „О, Господе… Ајде Дарко немој да промашиш…!“

На денешен ден пред точно 30 години, едни од најголемите македонски фудбалски легенди во историјата, Дарко Панчев и Илија Најдоски, со Црвена Звезда се закитија со европската круна.

Потсетувајќи се на финалето против Олимпик Марсеј во Бари кое белграѓани го добија по пеналите, а последниот удар од белата точка беше дело токму на Дарко, македонскиот фудбалер на векот вели дека едноставно таа генерација на „црвено-белите“ била предодредена за успех.

„Французите беа убедени дека ќе не победата, па затоа беа попиздени по поразот. Со право веруваа во себе, затоа што беа добар тим, ние во нападот бевме отсечени од средниот ред. За Црвена Звезда не беше вообичаено да прави толку малку акции, навистина беше тешко. Не е спорно дека тие имаа малку поголема иницијатива, но воопшто не беа подобри од нас“ – се потсетува Панчев во разговорот за „Моцартспорт“, притоа осврнувајќи се на пеналите.

„Се знаше редоследот. Јас во првенството постојано шутирав последен. Разликата беше само тоа што Дејо излезе, па Биниќ се уфрли место него. Кога дојдовме до продолженијата рековме ајде кога веќе дојдовме до тука да бидеме сега повнимателни. Пред пеналите на центарот застанавме Шабан, Пикси и јас и разговараме нешто. Малку и зајадливо кон Пикси: ‘Ех, до вчера беше со нас, а сега играме против тебе за шампион на Европа’. Пикси ни кажа дека нема да шутира. Не го стави во игра, па не сака сега тој да се турка нешто да одлучува. Четвртиот пенал го даде Михајловиќ за нас. Водиме со 4-2 и шутира Мозер па јас си размислував ајде промаши го, оди во бестрага, кој ќе се тресе на крај“ – низ смеа коментира Панчев.

Но, Мозер намали на 4-3 и последниот пенал треба да го шутира Дарко Панчев.

„Е ајде сега. Дарко подготви се. Мораш, тоа е. Додека одев кон топката, тие 20 метри размислував: ‘Ајде Сега, немој да промашиш, сите те гледаат. О Господе, немој сега, биди мирен и дај гол. Кога ја зедов топката, тоа е професионална деформација. Веќе нема размислување, ја гледаш само топката. Инаку, сум промашил во кариерата три-четири пенали, а сум дал 20-30, не знам точно. Никогаш не сум шутирал пенал предвреме, да знам на која страна ќе шутирам, да планирам… Секогаш го гледав голманот, и инстиктивно одлучував. Олмета за разлика од другите пенали кај мојот цело време стоеше во место до последниот момент. Јас трчам полека, гледам – не мрда. Кога се скрши, е тогаш шутнав. Тоа го знам од искуство, кога голманот тргнува на една страно – само малку, дури и да не се фрла – не може да застане. Не може да се врати и да сака, не може да стигне. Затоа топката изгледа како да минува на метар покрај него, некаде на средина меѓу него и стативата, но не може да се врати. Е затоа го чекав“ – се потсетува Панчев.

Целокупниот разговор може да го прочитате на Моцартспорт.

Се вчитува...