Најголемото име на македонскиот фудбал, Дарко ПАНЧЕВ е единствениот Македонец избран во идеалните тимови на најголемите ривали во поранешна Југославија, Црвена Звезда и Партизан, во изборот на вкупно 90 фудбалски легенди, доајени и актуелни новинари од регионот а организиран од „Моцартспорт“.
Панчев е избран во најдобрите 11 на Црвена Звезда на сите времиња со вкупно освоени 49 гласови од секој од 90 лица кои гласаа за најдобрите.
А, во друштво на легендарни имиња кои се најдоа во идеалниот тим кој го сочинуваат: Владимир БЕАРА 71 (78,9%) – Бранко СТАНКОВИЌ 53 (58,8%), Миодраг БЕЛОДЕДИЌ 75 (83,3%), Синиша МИХАЈЛОВИЌ 53 (58,8%) – Рајко МИТИЌ (53 (58,8%), Драган СТОЈКОВИЌ 71 (78,8%), Драгослав ШЕКУЛАРАЦ 64 (71,1%) – Дејан САВИЧЕВИЌ 53 (58,8%), Дарко ПАНЧЕВ 49 (54,4%), Драган ЏАЈИЌ 84 (93,3%). Тренер на овој тим би бил Миљан МИЉАНИЌ со освоени 56 гласови (70%).
На клупата на Црвена Звезда, пак, според освоените гласови се најдоа: Стеван СТОЈАНОВИЌ 10 (11,1 %), Немања ВИДИЌ 42 (46,6 %), Владимир ДУРКОВИЌ 20 (22,2 %), Владислав БОГИЧЕВИЌ 19 (21,1 %), Владимир ЈУГОВИЌ 36 (40 %) и Бора КОСТИЌ 18 (20 %).
Од останати Македонци кои добија гласови во изборот се и Илија Најдоски со 8 гласа (8,88%) и Бошко Ѓуровски с 5 гласа (5,55%), но не успеаја да се изборат за место во идеалниот тим.
Идеалниот тим на белградски Партизан, пак, е: Милутин ШОШКИЌ 78 (86,6%) – Фахрудин ЈУСУФИ 76 (84,4%), Велибор ВАСОВИЌ 77 (85,5%), Бранко ЗЕБЕЦ 43 (47,7%) – Златко ЧАЈКОВСКИ 43 (47,7%) – Милош МИЛУТИНОВИЌ 67 (74,4%), Стјепан БОБЕК 75 (83,3%), Момчило ВУКОТИЌ 68 (75,5%) – Предраг МИЈАТОВИЌ 41 (45,5%), Милан ГАЛИЌ 64 (74%). За тренер на овој тим е избрани Љубиша ТУМБАКОВИЌ 27 (33,7%) со најголем број гласови.
На клупата на Партизан, пак, би биле: Иван ЧУРКОВИЌ 5 (5,55 %), Бруно БЕЛИН 33 (36,6 %), Благоје ПАУНОВИЌ 30 (33,3 %), Саша ИЛИЌ 26 (28,8 %), Јован МИЛАДИНОВИЌ 16 (17,7 %), Мустафа ЈАНАС18 (13,3%).
Од Македонците кои во историјата настапувале за Партизан а кои добија гласови во изборот за идеалниот тим се само Никица Клинчарски со три гласа (3,33%) и Милко Ѓуровски со еден глас (1,11%).
Во изборот учествуваа вкупно 90 одбрани лица, од кои 70 новинари од српските медиуми, 10 новинари од Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и Македонија, како и десет фудбалски легенди и доајени. Секој од нив имаше право, по сопствен избор, да даде предлог за идеалниот тим на Партизан и на Црвена Звезда. Од Македонија своите гласови ги даде дописникот на „Спортски Журнал“, Живко Здравковски, но и поранешниот уредник на „Македонски спорт“ а сега новинар на „Арена Спорт“, Сашо Илиоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА