Дарко Панчев избран во најдобриот тим на сите времиња на Црвена Звезда

Дарко Панчев е избран за дел од најдобриот тим на сите времиња на Црвена Звезда, во изборот во кој учествуваа бројни легенди што низ годините го носеа дресот на овој српски фудбалски гигант, како и фудбалски новинари од Србија.

Панчев беше еден од лидерите на таа златна генерација што освои се што можеше да се освои, го погоди решавачкиот пенал за европската круна во Бари и остави зад себе бројни достигнувања во црвено-белиот дрес. Затоа, легендарниот македонски голгетер целосно заслужи да биде дел од ова одбрано друштво.

Идеалниот тим на Црвена Звезда во изборот организиран од „Моцарт Спорт“ го сочинуваат: Владимир Беара, Немања Видиќ, Синиша Михајловиќ, Миодраг Белодедиќ, Владимир Југовиќ, Владимир Петровиќ, Драгослав Шекуларац, Драган Стојковиќ, Дејан Савичевиќ, Драган Џајиќ и Дарко Панчев, а за тренер е избран Миљан Миљаниќ.

Меѓу резервите на овој дрим-тим се најде место за Илија Најдоски, заедно со Стеван Стојановиќ, Бранко Станковиќ, Роберт Просинечки, Рајко Митиќ, Боривоје Костиќ и Душан Савиќ.

Се вчитува...