Меѓу малиот број на гледачи на денешниот дуел меѓу Македонија и Холандија во очи веднаш паѓа и големото фудбалско име – Дарко Панчев е на трибините од СЦ „Борис Трајковски“ за да им даде поддршка на нашите кошаркари на вториот меч од „Трофеј Македонија“.
Фудбалската легенда и претходно присуствуваше на неколку кошаркарски средби минатата сезона, но неочекувано е отсутен од натпреварите на ФК Вардар, и тоа откако стана директор на актуелниот првак на Македонија. Панчев не беше на трибините и на стадионот „Младост“ во Струмица при фантастичниот триумф над Малме, па останува да се види дали ќе се најде на „Телеком Арена“ за претстојниот дуел со Копенхаген…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА