Дарко Панчев ја отстапи „Златната копачка“ на Црвена Звезда

Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев ја однесе Златната копачка добиена за најдобар стрелец во сезоната 1990/91, за клубот да може да изработи реплика, која ќе се најде во музејот клубот, кој се наоѓа на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград.

„Европскиот шампион и легендарен напаѓач на нашиот клуб Дарко Панчев и ја подари „Златната копачка“ на Црвена звезда за нашиот клуб да направи реплика, која во иднина ќе се наоѓа во музејот на стадионот „Рајко Митиќ“.

Дарко Панчев го заслужи престижното признание кое им се доделува на најдобрите стрелци во Европа во историската сезона 1990/91 година, кога клубот го постигна најголемиот успех. Црвена звезда таа сезона се искачи на врвот на Европа, а за успехот значително влијание имаше Дарко Панчев“, стои во објавата на Црвена Звезда.

Се вчитува...