Дарко Панчев: Кога можеше Македонија да ја совлада Италија, зошто Црвена Звезда да не слави во Манчестер

Кога Црвена Звезда настапува во Лигата на Шампионите, нормално е мислење да се побара и од Дарко Панчев, легендарниот голгетер кој го постигна победничкиот погодок за европската круна во Бари.

„Црвено-белите“ ја почнуваат новата сезона со најтешкото можно гостување, против европскиот првак Манчестер Сити, но Панчев порачува дека без оглед на разликата во квалитет, мора да се верува во чудо.

„Секако дека шансите се мали, но тие секогаш постојат. Треба само да се верува и да се одигра најдобро што се знае, па ќе видиме како ќе заврши. Да прашам… колку луѓе веруваа дека кошаркарите на Србија можат да стигнат до сребро? Малку,баш малку, но видовте што се случи… Ајде малку на фудбал: Играа Италија и Македонија, знаеме кој беше голем фаворит, но Македонија славеше со 0-1 и „аѕурите“ останаа без пласман на СП. Заклучок: Ние Балканците не би биле она што ме ако не знаеме да изненадиме. Зошто да не биде така и на овој 19 септември. Напред Звездо, играј Звездо“, изјави Дарко Панчев за „Спортклуб“.

Се вчитува...