Дарко Панчев по „петардата“ за Фиорентина: Дали она торнадо помина во Белград или тоа беше Црвена Звезда

Црвена Звезда го одигра веројатно најдобриот натпревар во 21. век откако синоќа во Белград на домашен терен ја декласираше Фиорентина со убедливи 5-0.

Фудбалерот на 20. век на Македонија и човекот кој е најзаслужен за единствената титула европски шампион за Звезда, Дарко Панчев во интервју за српските медиуми даде интересна изјава за вчерашниот меч.

„Не знам дали од 20.00 до 20.30 часот во тој половина час помина торнадо низ Белград, она што веќе неколку дена го пустоши Балканот или пак тоа беше Црвена Звезда. Еве, пак има споредби со нас. Ова е добро од една страна, затоа што значи дека тимот вреди, но не треба никого да споредувате со никого, овие момци покажаа дека се одлични на свој начин, во синхронизација со ова време. Звезда со години покажува дека е меѓу најголемите. Испишавме историја во 1991 година, епа тоа е многу одамна, сега да ги оставиме овие момци да уживаат во славата и да не радуваат со добри резултати“, изјави Панчев.

Се вчитува...