При формирањето на Обединетите за фудбалот, најголемото македонско фудбалско име Дарко Панчев беше потенцирано како кандидат за претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
Но, тоа што беше очигледно изминатиов овој период, дека Дарко Панчев веќе е дистанциран од „Обединетите за фудбалот“ денеска потврдено од лидерот на иницијативниот одбор Драган Томовски кој истакна дека веќе четири месеци немаат никаков контакт со Панчев.
„Обединети за фудбалот се формираа за да укажуваат на аномалиите во фудбалот. Наш кандидат за претседател беше Дарко Панчев до пред извесно време. Тој ја презеде обврската да биде кандидат за претседател, но последните четири месеци не можеме да воспоставиме контакт. Откако Јонуз излезе со своите ставови ние даваме поддршка за него за претседател на ФФМ“ – рече на прес-конференцијата во „Холидеј Ин“, Драган Томовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА