Дарко Панчев со специјално место во Музеј на Црвена Звезда во Аризона (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Постигнувањата, биографијата и дел од најважните моменти, преку фотографии и видеа, на македонската фудбалска икона, Дарко Панчев добија специјален простор во „Музејот на Црвена Звезда“ во Аризона, САД.

Музејот со експонати од Црвена Звезда е отворен од нејзиниот огромен поддржувач Ненад Рајиќ кој, како што вели, посвети голем дел од својот живот да создаде ваков простор во кој ќе има комплетна постановка за најголемите фудбалски генерации на „црвено-белите“. Меѓу нив секако и за „Златната копачка“, Дарко Панчев.

„Дарко Панчев секогаш има и ќе има посебен простор во историјата на Црвена Звезда, затоа што тој е човекот кој ни ја донесе досега единствената европска титула. Токму поради тоа и при посетите на Балканот, во насока на желбата за комплетирање на Музејот, имав средби и со Панчев од каде добивме секако негови фотографии, подароци, дресови и автограми на истите кои значајно верувам засекогаш ќе сведочат за еден огромен успех“ – вели Рајиќ.

Творецот на Музејот во Аризона, веќе во континуитет има средби и со Драган Џајиќ, Драган Стојковиќ – Пикси, Дуле Савиќ и бројни други легенди на Црвена Звезда.

Планирано е Музејот во иднина да биде дел од туристичката понуда, како спортско катче за понуда, и за време на Светското првенство следната година кое ќе се одржи во САД.

 

Се вчитува...