Дарко Радуловиќ повеќе не е тренер на Башкими

Македонскиот стратег Дарко Радуловиќ во новата година ќе бара нов предизвик откако денеска косовскиот Башкими го раскина неговиот договор.

И покрај тоа што е на втората позиција на табелата, Башкими одигра променливо во претходните натпревари, забележа само две победи на последните пет средби па на Македонецот му пресуди поразот од Пеќ во 14. коло од шампионатот.

Радуловиќ во минатото ги предводеше Вардар и МЗТ Скопје на домашната сцена, а покрај Башкими на интернационалната сцена помина и една сезона во унгарскиот шампионат предводејќи го Хубнер Ниреѓихаза.

Се вчитува...