Дарко Радуловиќ со нов ангажман, се сели во Полска

Македонската колонија на кошаркарски тренери во Полска се зголеми откако друштво на селекторот Јончевски и на Никола Василев од денеска ќе им прави и Дарко Радуловиќ.

Поранешниот тренер на МЗТ Скопје и Пелистер ја прифати понудата да работи во Староград Гдањски, екипа што се натпреварува во втората лига на Полска. Овој клуб не се наоѓа во добра форма, во досегашните 23 средби има скор од 10 победи и 13 порази, неодамна дојде до тренерска смена, а довербата за да најде излез од кризата му беше доверена токму на 45-годишниот Македонец.

„Чест ми е што доаѓам како тренер во овој клуб. Воодушевен сум од страста и посветеноста на навивачите и едвај чекам да се сретнам со сите вас наскоро“, изјави Радуловиќ за официјалната веб-страница на новиот клуб.

Се вчитува...