Дарко Тасевски по две децении става крај на фудбалската кариера

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Дарко Тасевски најави дека на крајот на сезоната става крај на богатата кариера која траеше 20 години.

Тасевски беше дел од репрезентацијата на Македонија од 2005 до 2012 година период во кој запиша 45 настапи, а постигна и еден гол.

Тој во среда ќе го одигра својот последен натпревар за Славија Софија против Локомотив Софија.

Тасевски кариерата ја почна во Цементарница, а во Македонија играше и за Вардар по кој направи интернационална кариера.

 

 

Се вчитува...