Поранешниот македонски репрезентативец Дарко Тасевски, кој крајот на својата играчка кариера го реализира во софиска Славија, во изјава за бугарските медиуми вели дека на Бугарија ниту најмалку нема да и лесно да дојде
Тасевски потенцира дека успесите на Македонија воопшто не се случајни, и оние победи против селекции како Германија и Италија, затоа што процесот на создавање на оваа репрезентација е почнат уште пред 2017 година со учеството на Европското првенство за младинци.
„Успесите на Македонија почнаа кога се создаде една млада генерација фудбалери која во 2017 година обезбеди прво учество за Македонија на едно европско првенство. Потоа поголемиот дел од тие играчи, не само што продолжија во сениорската селекција но цело време добиваа силна поддршка од тренерите и целото раководство на македонската федерација“ – вели Тасевски за бугарските медиуми, притоа дополнувајќи:
„Македонија има навистина добра репрезентација. Не случајно учествуваше на ЕВРО 2020. Да бидеме реални, првенствата во Македонија и во Бугарија не можеме да ги рамнеме воопшто со оние европските, па самото учество на Македонија на Европско првенство беше голем успех. Тие сите фудбалери сега постојано имаат силни натпревари против квалитетни противници. Можеби тоа во моментов и недостасува на Бугарија за да повторно се врати со фудбалските успеси затоа што јасно е дека и Бугарија има квалитетни, талентирани фудбалери“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА