Младите фудбалски репрезентативци веќе се како дома во Полска, подготвувајќи се за стартот на Европското првенство. Утре стартува шампионатот, а Македонија в сабота го има премиерниот меч на ЕП, кога ќе ги одмери силите со силната селекција на Шпанија.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски „пукаат“ од самодоверба, па дефанзивецот Дарко Велкоски порачува дека Македонија ќе бележи успеси и на Европското првенство, потенцирајќи дека „на стара слава не се живее“.
„Атмосферата во репрезентацијата е секогаш одлична. Опуштени сме, но работиме со полна пареа. Благодарни сме за поддршката која ја добиваме од навивачите во Македонија, но на стара слава не се живее. Сега сме на неколку дена од првиот натпревар во квалификациите и максимално сме посветени на пресметката против Шпанија. Оваа репрезентација покажа дека може да биде на високо ниво, а верувам дека добро ќе ја затвориме одбраната – секако со помош на целата екипа, бидејќи одбраната не зависи само од двајца стопери“, вели Дарко Велковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА