Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски е пред потпис со словенечки Марибор.
Како што пренесува „Екипа“, Марибор низ престојниот преоден рок има единствена цел да ја засили ценралната дефанзивна позиција е фокусот е ставен на ангажманот на македонскиот репрезентативец Дарко Велковски кој изминативе шест месеци е без клуб по разделбата со Динамо Букурешт.
Велковски, и покрај тоа што е без клуб, имаше изминатава есен забележителни настапи во дресот на македонската репрезентација, а претходно во 2024 година беше и еден од најдобрите фудбалери на Динамо Букурешт.
Претходно во кариерата успешно го носеше дресот на хрватската Риека во периодот од 2018 до 2022 година, а настапуваше и за македонските Работнички и Вардар, како и за Ал-Етифак во Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА