Дарко Велковски во последните неколку месеци беше без клупски ангажман по заминувањето од Ал Етифак, но македонскиот репрезентативец на почетокот од новата година конечно успешно ја заврши потрагата по нов клуб.
Негова следна дестинација ќе биде Динамо Букурешт, откако романскиот прволигаш вечерва го официjализираше потписот со Велковски.
Македонскиот дефанзивец ќе отпатува на подготовки за Анталија каде ќе се стави на располагање на тренерот Жељко Копиќ и се очекува да биде значаен адут во битката за опстанок.
Динамо Букурешт се наоѓа на претпоследното место на табелата со 16 бода, седум помалку во однос на Поли Јаши, тим што се наоѓа едно место погоре од Динамо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

