Дарко Велковски на „радарот“ на Шалке!

Дарко Велковски како слободен агент би можел да биде „спасителот“ на Шалке. Тимот од Гелзенкирхен игра очајно во втората Бундеслига, и затоа бара засилувања со кои ќе се издигне од „пеколот“ и ќе го извади тимот од долниот дел на табелата.

Шалке веќе имал контакти со Велковски, а тие одат преку Дарко Чурлинов, екс фудбалерот на овој тим.

Велковски е без клуб откако си замина од Ал Етифак. Имаше неколку опции во текот на изминатите месеци, но ниту една не беше поволна за него. Тој во меѓувреме остана без повик во репрезентацијата против Украина и против Ерменија токму поради фактот што нема клуб и нема минутажа.

Во Шалке во минатото настапуваше и Бесарт Ибраими, а многу порано и легендарниот голман Драган Мутибариќ.

Се вчитува...