Дарко Велковски непромислено: Поцрвене со два жолти за само две минути

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Велковски доби црвен картон на натпреварот на неговата Ријека против Шибеник во 10. коло од Првата хрватска лига.

Поради удар со лакт кон противникот Велковски прво доби жолт картон во 40. минута, но веднаш потоа поради приговор главниот судија му даде и втор картон што значеше и исклучување за нашиот репрезентативец.

 

По првото полувреме Ријека има негатива од 1-0.

Се вчитува...