Дарко Велковски потпишува за Погон Шчечин!?

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски својата кариера ќе ја продолжи во полскиот прволигаш Погон Шчечин, пренесоа денеска полските медиуми.

Велковски ова лето ја заврши соработката со Ал Етифак во Саудиска Арабија, па повторно се враќа во Европа, како што пишуваат Полјаците, во дресот на полскиот Погон.

Според најавите од Полска, Велковски во следните 24 часа и официјално треба да биде промовиран во новиот клуб, откако наводно е постигнат меѓусебниот договор за двегодишна соработка. Иако Велковски во моментов е со македонската репрезентација во Малта.

Погон по шест натпревари на стартот од новата сезона во Полска е на 15. место со шест бода, од 18 екипи колку што партиципираат во најсилната полска лига.

Се вчитува...