Дарко Велковски пред промоција во турски Хатајспор

Македонскиот репрезентативен стопер Дарко Велковски, во новата сезона би можел да настапува во Турција. Како што дознава ЕКИПА, Хатајспор силно го посакува дефанзивецот кој во моментов е слободен агент, откако го напушти тимот на Динамо Букурешт.

Турските клубови добро го познаваат Велковски. Овој клуб беше заинтересиран за играчот и лани, кога македонскиот интернационалец остана без клуб по напуштањето на Ал Етиак, но тогаш не до договор не дојде. Исто така имаше и заинтересираност и од Анкарагучи, а на крајот Велковски после шест месеци без клуб, му се приклучи на Динамо Букурешт во јануарскиот преоден рок.

Велковски во минатото играше и за Ријека, беше дел и од Вардар и Работнички. После долга пауза, се врати и во националниот тим, за кој има одиграно 51 натпревар.

Се вчитува...