Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски денеска и официјално се прости од неговиот досегашен клуб, романскиот великан Динамо Букурешт.
Велковски на социјалните мрежи се прости од клубот во кој ја помина последната полусезона. Како најголеми фаворити за потписот на Велковски се Клуж и Рапид Букурешт, но тој има и примамливи понуди од неколку клубови од Саудиска Арабија.
Велковски претходно во својата кариера беше дел од Македонија ЃП, Работнички и Вардар во македонското првенство, како и од Ал-Етифак во Саудиска Арабија и Ријека во Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА