Дарко Велковски се раздели со Зрињски, кам-бек во Македонија!?

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски се раздели со босанскиот суперлигаш Зрињски, објави официјално клубот кој оваа пролет ќе биде дел од нокаут-фазата во Конференциската лига на УЕФА.

Како што информираа од Зрињски во официјалното соопштение, двете страни се договориле меѓусебно за завршување на соработката.

„Зрињски Мостар и Дарко Велковски денес потпишаа договор за раскинување на соработката. Искусниот македонски дефанзивец се приклучи на нашиот клуб во летниот преоден рок 2025 година, а во есенскиот дел од сезоната запиша два официјални настапи во дресот на Зрињски. Клубот му се заблагодарува на Дарко за неговиот професионален однос за време на престојот во Мостар и му посакува многу среќа, здравје и успех во продолжението на неговата играчка кариера“– информираа од Зрињски.

Веќе се најавува можен кам-бек на Велковски во македонскиот шампионат. Не е никаква тајна дека заинтересиран за неговите услуги е Вардар, но интерес за негов ангажман постои и од Струга ТЛ.

Се вчитува...