Италијанскиот првак Јувентус го договори ангажманот на репрезентативецот Матео Дармијан. Тој доаѓа како позајмен играч од англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната, со опција за комплетно откупување на договорот.
Раководството на „старата дама“ успеа да договори шестмесечна позајмица за 3 милиони евра. За Дармијан беа заинтересирани и Интер и Наполи, но Јунајтед секогаш бараше најмалку 10 милиони евра отштета.
Од редовите на Јувентус на позајмица во Болоња се сели Леонардо Спинацола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА