Дармштад е првиот тим што обезбеди влез од втората во првата Бундес-лига откако оваа екипа славеше на денешниот дуел на домашен терен против Магдебург (1-0), за триумф со кој беше осигурано едно од првите две места на табелата, на едно коло до крајот на сезоната. За Дармштад ова е камбек во елитното германско фудбалско друштво по пауза од шест години, откако оваа екипа последен пат испадна од Првата лига во 2017 година.
Откако не успеа да стигне до цел плен на последните две средби, Дармштад беше принуден на денешниот последен дуел на домашен терен да брка три бода против МАгдебург. Големиот притисок го стори своето, овој тим не доминираше на теренот како што се очекуваше, но сепак стигна до цел плен благодарение на голот на Тиц во 36. минута.
Во трка за второто место кое води директно во елитата (третото значи и место во баражот) се Хајденхајм со 61 и Хамбургер со 60 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

