Дарушафака во четвртфинале, Црвена звезда „во аут“

Дарушафака е последниот четвртфиналист во Евролигата откако во решавачкиот натпревар од последното коло турскиот претставник славеше над Црвена звезда со убедливи . Белградските „црвено-бели“ најавија дека одат за Истанбул способни да приредат изненадување, но избраниците на Радоњиќ одиграа потпросечен натпревар во кој шутот воопшто не ги служеше, па на крајот претрпеа убедлив пораз.

Уште од самиот почеток стана јасно дека Дарушафака ќе го контролира темпото, домаќините имаа водство од првата до последната минута и заслужено стигнаа до победата. „Црвено-белите“ во второто полувреме дојдоа до само три поени разлика (52-49), но немаа сили за целосен пресврт, домашниот тим одлично го финишираше третиот и го стартуваше последниот период, не дозволувајќи шампионот во АБА-лигата во ниту еден момент да има водство на овој натпревар.

Вонамејкер со 22 поени беше најефикасен кај Дарушафака, Кузмиќ со 14 беше прв стрелец на Црвена звезда, а „црвено-белите“ причината за поразот мора да ја бараат во очајниот шут од далечина, откако вечерва погодија само една тројка од вкупно 16 обиди.

Се вчитува...