Дарвин Нуњез се соочува со огромна суспензија поради тепачката со навивачте на Копа Америка.
Нуњез одлучи да се судри со навивачите на Колумбија по полуфиналниот натпревар со Уругвај во кој неговата селекција загуби со 1-0. Сето тоа како би го заштитил своето семејство.
По завршувањето на турнирот, а пред враќањето во Ливерпул, Нуњез одлучи да се огласи за својот прв настап на Копа Америка.
„Тажен сум затоа што не успеавме да дојдеме до финалето, но среќен сум со ова ново искуство и со тоа што се научивме. Ова продолжува“ – напиша Нуњез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

