Дарвин Нуњез е на пат за Саудиска Арабија

Ливерпул како никогаш досега е активен на фудбалскиот пазар, веќе го доведе Екитике како класичен напаѓач, а во тек се и преговорите со Њукасл за Александер Исак, па јасно е дека „црвените“ ќе направат промени во навалната линија.

Тоа ќе значи и дефинитивно заминување на Дарвин Нуњез, уругвајскиот ас не се покажа како најдобра опција по мега-трансферот од Бенфика, добиваше шанси и од Јирген Клоп и од Арне Слот, но како што одминуваше времето така и неговата улога ланската сезона беше лимитирана.

Нуњез ќе се пресели во Саудиска Арабија, и тоа во тимот на Ал Хилал кој веќе почнал преговори со Ливерпул за да го осигура потписот на Уругваецот. Овој клуб се интересираше за Дарвин и во јануари, тогаш Ливерпул одби трансфер, но сега ситуацијата е поинаква и „црвените“ сигурно ќе дадат зелено светло за овој напаѓач да си замине, особено доколку биде достигната сумата од 60 милиони евра што Ливерпул сака да ја добие од продажбата на уругвајскиот напаѓач.

Нуњез и во јануари имаше договор за личните услови, преселбата во Саудиска Арабија за него не би била проблем како за голем дел од ѕвездите во европскиот фудбал, па се очекува тој веднаш по враќањето на Ливерпул од турнејата во Азија и официјално да си замине од „Енфилд“ и да заигра за Ал Хилал, каде тренер е Италијанецот Симоне Инзаги.

Се вчитува...