19-годишниот македонски фудбалер Дашмир Елези кариерата ја продолжува во Хрватска, откако македонскиот прволигаш и Локомотива постигнаа договор за трансфер на напаѓачот во Загреб.
„Шкендија со задоволство го објавува договорот со НК Локомотива Загреб за трансфер на напаѓачот Дашмир Елези во Хрватска. Клубовите ги договориле условите на оваа операција, додека покрај обештетувањето, Шкендија ќе добие и 10 отсто од следниот трансфер на Елези“, стои во соопштението на клубот.
Дашмир Елези кариерата ја почна во фудбалската школа на Шкендија, додека на само 16 години беше дебитант и најмлад стрелец во историјата на клубот на официјален натпревар. Веќе 4 некомплетни сезони е дел од првиот тим на Шкендија за кој има 90 официјални настапи (78 првенства, 4 купови и 8 европски) и 13 гола со првиот тим и ја освои шампионската титула во сезоната 2020/2021.
Минатата година Елези се пресели во Грузија во Торпедо Кутаиси, но на барање на играчот трансферот беше откажан и Шкендија го врати во тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА