ЕКИПА во Келн,
Стеван Цаневски
Златко Даскалоски одигра значајна улога во денешниот триумф над Чиле, бранејќи го клучниот пенал на една минута до крајот за печат на победата.
Ова е идеален крај на репрезентативната кариера на овој голман, кој веќе им најавил на соиграчите дека во иднина ќе го препушти своето место на помладите чувари на мрежата. Токму поради ова била и донесена одлуката денеска Борко Ристовски да му го препушти своето место во тимот на Даскалоски, за 34-годишниот чувар на мрежата токму на еден мундијалски натпревар да му каже збогум на националниот тим.
Покрај Борко Ристовски и Никола Митревски, за очекување е во иднина улогата на трет голман во националниот тим да му припадне на младиот Мартин Томовски од Металург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА