Суперлигашките предизвици за Пелистер продолжуваат со уште еден голем предизвик, гостување во Скопје против актуелниот вицешампион ТФТ (недела, сала „Градски Парк“ во Скопје, 19 часот). Скопскиот суперлигаш долго време беше на врвот од суперлигашката табела, моментно се наоѓа на второто место, а дуелот ззакажан за викендов е одлична можност за реванш за поразот од овој ривал во Битола во првиот дел од сезоната.
Тренерот Боро Даскаловски е задоволен од формата на својот тим, кој има седум победи и само еден пораз во Супер-лигата во 2026 година, скор што „пелистерци“ ќе се обидат уште повеќе да го подобрат на следниот меч.
„Секако дека сум задоволен од начинот на кој играме и од резултатите во последно време, но како тренер верувам и дека можеме да подобриме одредени аспекти во играта, за да бидеме уште поквалитетни како тимот на теренот токму во клучниот дел од сезоната. Ќе биде клучно она што секогаш го барам од момците – да бидеме максимално фокуисирани во текот на сите 40 минути и доследни на нашиот план за игра, без оглед на моментниот резултат на семафорот. ТФТ е квалитетен тим што го респектираме, сметам дека најважно ќе биде да ја иконстролираме нивната офанзивна транзиција и да одговориме на играта „еден на еден“ на кој противникот многу често инсистира во своите напади. Ако одговориме на тоа, верувам дека можеме до посакуваниот резултат“, истакнува тренерот Боро Даскаловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

