Даскаловски: Пресуди неискуството, требаше да бидеме поагресивни во одбраната

Тренерот на Карпош соколи, Борче Даскаловски смета дека немањето искуство во својата екипа го реши денешниот победник. Даскаловски вели дека во моментите кога се одлучуваше победникот, неговите играчи направија премногу грешки, не беа доволно агресивни во одбраната.

„Првенствено плативме еден данок на неискуство. Имавме влез во мечот каде што клучните играчи не допринесуваа, но останатите ја надополнија празнината. Во продолжението игравме солидно водство, имавме и контрола на мечот, но сепак во последните минути не издржавме. Промашивме премногу зицери, со таква игра не се победува ниту далеку послаб ривал од Калев. Требаше да бидеме поагресивни во одбраната, но тоа е што е. Има позитивни работи да се извадат од оваа средба, се надевам дека ќе им приредиме ваков тесен натпревар и во Талин. Меѓу другото, повеќето играчи во мојот тим немаат искуство за вакви мечеви, но ќе го пребродиме и тоа. Капитенот Соколов вечерва настапи со температура. Додека беше на теренот имавме солидни шанси за триумф, но здравјето е пред се кај моите кошаркари, па во остатокот од мечот не го употребив“, истакна Даскаловски.

IMG_5676

Тренерот на Калев, Алар Варак истакна дека беше многу тешко да се победи екипата на Карпош, особено што имаат центри кои знаат да погодат од линијата за три поени, па му беше тешко да ја постави одбраната.

„Беше тешка средба, Карпош е многу инти ересна екипа која знае да погоди тројки преку центрите. Мекфејден е многу добар играч, па не беше лесно да се постави одбрана против нив. Мечот беше многу тесен до последните моменти, а јас сум среќен што резултатот заврши во наша полза. Очекувам ист ваков тежок натпревар и во Талин“, истакна Варак.

Се вчитува...