Датоме: Секоја година е поинаква, не е лесно да се освои Евролигата

Бранителот на титулата во кошаркарската Евролига, турскиот Фенербахче, предводен од Жељко Обрадовиќ, кој се враќа на домашен терен во Белград, во полуфиналето на Ф4 турнирот ќе мора да го мине литванскиот Жалгирис за да дојде до можноста да врзе два трофеи во најсилното континентално клупско натпреварување.

„Освојувањето на титулата минатата година беше одлично чувство. Би сакал да се повтори, но секоја година е поинаква, а ова е голем спорт. Затоа и сме тука. Секоја година е поинаква, тоа го научив, а и тоа е дел од искуството. Секој посед на топката е важен, секој напад како и физичката состојба во која сме дојдени“ – вели Италијанецот во редовите на турскиот тим, Луиџи Датоме.

За Фенербахче титулата освоена минатата сезона беше прва во историјата на клубот, кој петти пат е на Ф4 турнирите. И ривалот на Фенербахче, Жалгирис е во обид да дојде до вториот успех во Евролигата. Литванскиот клуб претходно имаше два настапа на завршните турнири.

„Да се биде на Ф4 со Жалгирис е голем чест. Кога во 1999, Жалгирис ја освои титулата во Евролигата јас бев дете. Тоа беше огромен успех и за клубот и за Литванија. Имаше голема прослава. Ние сме како семејство и би сакале да го повториме тој успех“ – изјави во пресрет на утрешниоот меч, капитенот на литванците, Паулис Јанкунас.

Натпреварот меѓу Фенербахче и Жалгирис утре ќе го отвори Ф4 турнирот Во Белградска Арена.

Се вчитува...