Искусниот кошаркар Луиџи Датоме го продолжи договорот со Олимпија Милано на уште една година. Датоме во Милано дојде во 2020 година откако претходно помина пет сезона во дресот на Фенербахче.
Со италијанскиот тим освои две титула во домашниот шампионат, а играше и на завршниот турнир во Евролигата минатата година. Минатата сезона во елитнот натпреварување одигра 26 натпревари на кои просечно бележеше по седум поени.
Olimpia Milano signs Gigi Datome to contract extensionhttps://t.co/BKLUvcARcR
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) July 12, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА