Младинскиот репрезентативец Ердон Даци е играчот на натпреварот во победата на Коњаспор од 4-3 против Галатасарај во 16. коло од турската Суперлига.
Даци ги постигна првите два гола за Коњаспор на вчерашниот натпревар со кој се најави големата победа против Галатасарај. Поранешниот фудбалер на Вардар не го крие задоволството од првите два свои погодоци во дресот на Коњаспор, и тоа против гигантот Галатасарај.
„Навистина, многу сум среќен. Триумфиравме против ривал како Галатасарај, но ова не е само моја победа, туку на тимот. Сакам да им се заблагодарам на моите тренери, кои ми веруваа за целиот овој период, и кога играв лошо. Не сакав да ги разочарам, па сега вратив на довербата. Но, за мене Цикалеши е играч воин. Многу ни помогна. Можам да кажам дека постигнав два гола благодарение на него“ – истакна Даци по вчерашниот дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

