Ердон Даци на „радарот“ на Аланијаспор

Турскиот тим Аланијаспор е заинтересирана во своите редови да го донесе напаѓачот Ердон Даци од Вестерло. Даци веќе има искуство со играње во Турција, со оглед дека од 2017 до 2021 година играше во Коњаспор, од каде замина во Белгија.

Даци ланскта сезона беше еден од заслужните за пласман на Вестерло во белгиската „елита“, откако во 25 меча постигна 10 гола и имаше и две асистенции. Тоа придонесе Даци да биде дел од националниот тим на Македонија на дуелите со Италија и со Португалија во баражите за Мундијалот.

Доколку се оствари овој трансфер, тогаш Даци после една година повторно би се вратил во Турција.  За Коњаспор, Даци одигра 45 меча и постигна пет гола, и четири асистенции.

Даци во Македонија настапуваше во Вардар, но само за младинските категории. За сениорскиот тим одигра само еден натпревар, по што како млад замина во Коња, прво за младинскиот тим, а потоа стигна и до сениорите.

Се вчитува...