Давид Атанасковски заврши со Јаши, се врати во Партизани Тирана

Македонскиот интернационалец Давид Атанасковски, по искуството во редовите на романски Јаши, повторно се враќа во албанскиот прволигаш Партизани Тирана.

Левокрилниот дефанзивец претходно две сезони беше дел од Партизани, сега враќајќи се во истата средна, потврдувајќи дека „црвените“ остануваат единствениот негов избор во албанскиот шампионат.

Атанаскоски со Партизани потпиша договор на една и пол година, до јуни 2026 година.

Претходно, 28-годишниот фудбалер има 77 настапи за Партизан, освојувајќи ја шампионската титула со „црвените“ во сезоната 2022-2023 и трофејот од албанскиот Суперкуп.

Се вчитува...