Давид Бабунски донесе реми за Вардар со Андијон од Узбекистан (ВИДЕО)

Фудбалерите на Вардар одиграа без победник (1-1) на вториот натпревар за време на подготовките во Анталија против узбекистанскиот Андијон.

Во главно израмнет натпревар без многу возбудувањата во првото полувреме, Узбекистанците први поведоа со погодокот на Исмоналиев во 46. минута од средбата.

Но, по една грешка во противничката одбрана и одземена топка на околу 25 метри, Давид Бабунски по убава соло акција во 78. минута погоди за конечни 1-1.

Во првиот тест дуел во Анталија, Вардар претходно загуби убедливо со 2-6 од Јаблонец.

Се вчитува...