Младинскиот репрезентативец Давид Бабунски својата кариера ќе ја продолжи во јапонскиот суперлигаш Јокохама!
Според последните информации кои доаѓаат од извори блиски на Црвена Звезда, Давид Бабунски веќе постигнал договор со Јокохама Маринос, каде треба да се пресели по разделбата со белграѓани.
Бабунски како слободен играч заминува од Црвена Звезда, откако не доби посакувана минутажа во есенскиот дел во црвено-белите редови. Македонскиот репрезентативец имаше понуди за продолжување на кариерата и во Олимпија Љубљана и во турскиот суперлигаш Бурсаспор, но очигледно се одлучи кариерата да ја продолжи на Далечниот Исток.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА