Давид Бабунски: Никогаш не престанав да верувам во себе

После една сезона мината во Дебрецен, Давид Бабунски се чини го пронајде вистинскиот клуб за да ја „оживее“ кариерата. Одличните настапи во унгарскиот тим го вратија и во националниот тим на Македонија.

За клупскиот сајт во интервју зборува дека на почетокот во Унгарија му било тешко, но дека не престанал да верува во себе, и дека тоа му донело враќање во репрезентацијата.

„На почетокот ми требаше време да се адаптирам. За среќа како дете се навикнав на патувања и менувања на земјите и искуството во различни култури ме направи многу прилагодлив. Покрај тоа, благодарение на клубот и соиграчите мојата интеграција мина многу побрзо и полесно“, рече Бабунски.

Иако во првите 10 кола одигра само 45 минути, сепак, на крајот стана неизоставен дел од тимот.

„Секогаш е тешко кога нема да играш, но во исто време не се разочарав, туку продолжив да работам на тренинзите, да се докажувам. Честопати се појавуваат работи кои немаат врска со квалитетот, но морате да се справите со нив. Од мене и од мојот став и карактер зависат работите. Знаев дека ако бидам трпелив и продолжам да работам напорно, моето време ќе дојде. Секогаш тоа ми беше пред очи и продолжив да работам. Знаев дека моето време ќе дојде. Никогаш не престанав да верувам во себе“, рече Бабунски.

Македонецот истакна дека е среќен во Дебрецен и тој и неговото семејство…

„Многу сме среќни во овој град со семејството. Има прекрасни паркови, шуми, ресторани, кафулиња. Моите деца почнаа да одат во градинка и се дружиме со сите и надвор од фудбалот“, рече Бабунски.

Се вчитува...