Тренерот на Мезоковешд официјално потврди дека повремениот репрезентативец Давид Бабунски не е повеќе дел од тимот, ден откако стана јасно дека во тимот не е ниту вториот македонски интернационалец Ремзифаик Селмани.
Бабунски потпиша за Мезоковешд на крајот од сепемтеври, и практично после три месеци одново е без ангажман, и ќе треба да бара нова средина, откако претходно „раскина“ и со Дебрецен.
„Давид Бабунски не е повеќе со нас“, истакна Атила Кутор, тренерот на Мезоковешд на подготовките во Турција прашан околу играчкиот кадар.
Во овие три месеци, Бабунски настапи само на осум средби, главно влегувајќи од клупата за резерви и притоа не постигна ниту еден гол ниту асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА