Македонскиот фудбалски интернационалец Давид Бабунски пристигна во тренинг – кампот на јапонскиот тим Јокохама на Тајланд, и се очекува во наредните денови и официјално да потпише договор со овој клуб. Тој се раздели со српскиот првак Црвена Звезда, откако изминативе шест месеци не доби вистинска шанса за да ги покаже своите квалитети во „црвено-белиот“ дрес.
Бабунски во Јокохама ќе биде заедно со својот довчерашен соиграч од Црвена Звезда, португалскиот интернационалец Хуго Виеира, кој исто така направи трансфер во Јапонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА